Милијардерот Илон Маск го посети финалето на турнирот „Valorant Champions 2023“, но публиката не го пречека баш со овации.
Elon Musk getting booed at VALORANT Champs and the crowd starts chanting "bring back Twitter" lmao pic.twitter.com/lDoWse78YV
— Jake Lucky (@JakeSucky) August 26, 2023
Тешко му е на Илон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот. Минатата година луѓето го исвиркаа како гостин на стенд-ап настап, а слично нешто се случи и сега на турнир во играта Valorant.
Маск реши да го посети финалето на турнирот Valorant Champions 2023, каде публиката го забележа среде пренос. Прво следеше скандирање, за кое коментаторите утврдија дека се погласни извици на неодобрување отколку навивање за самите натпреварувачи. Тогаш толпата почна да вика „Врати го Твитер!“.
Откако го презеде Твитер, Маск ја преименуваше компанијата/платформата X, за која многумина веруваат дека е последниот клинец во ковчегот на социјалната мрежа каква што некогаш ја знаевме.