Компанијата Huawei веќе неколку години се бори со продажбата на своите паметни телефони. Од 2019 година, кога американската администрација предводена од тогашниот претседател Доналд Трамп воведе забрани и санкции, Huawei е речиси избришан од глобалниот пазар. Сепак, сега доаѓаат ветувачки вести за љубителите на оваа компанија.
Во средината на минатиот месец, Ројтерс објави напис во кој се наведува дека Huawei конечно би можел да се врати на користење 5G чипови во своите телефони, кои беа заеднички развиени од Huawei и кинеската Semiconductor Manufacturing International Corporation (SMIC), а сега таа приказна доби и продолжение.
Имено, дури пет нови смартфони на Huawei се сертифицирани од Bluetooth SIG, а сертификатите открија дека сите пристигнуваат со поддршка за 5G.
Станува збор за телефони со броеви на модели ADA-AN00, PSD-AN00, ADA-TN00, BLK-AN00 и BLK-TN00 со суфикси AN и TN, кои укажуваат на поддршка за 5G. За споредба, 4G телефоните на кинеската компанија, како Huawei Mate 50 (CET-AL00), Huawei Mate X3 (ALT-AL00) и Huawei P60 Pro (MNA-AL00), доаѓаат со префиксот AL. Дополнително, откриено е дека телефоните ќе пристигнат со поддршка за Bluetooth 5.2.
Покрај овие неименувани телефони, сертифицирани се и сериите на паметни телефони Huawei Nova 13, Huawei Nova 14, Huawei Nova 15 и Huawei Nova 16. Сите овие серии ќе пристигнат во составот – обични, модели Pro и Ultra и сите со 5G поддршка.
Претходно беше откриено дека Huawei и SMIC развиваат чипови за 5G користејќи го производствениот процес N+1 на SMIC и софтверските алатки за електронска автоматизација на дизајн на Huawei (EDA). Очекуваната стапка на приход за претстојните 5G чипови на Huawei е под 50%, а прогнозите сугерираат два до четири милиони 5G чипови со можност подоцна да достигнат 10 милиони дополнителни копии.