Веќе од септември, компанијата Meta на пазарот ќе лансира чет-ботови базирани на вештачка интелигенција (AI), кои ќе претставуваат различни личности и ќе разговараат со корисниците.
Според добро упатени извори, Meta развива четбот кој зборува како поранешниот американски претседател Абрахам Линколн, додека друг чет-бот во стил на сурфер ќе ги советува корисниците за опциите за патување, пренесува Ројтерс.
Овие производи ќе имаат нови функции за пребарување и ќе даваат различни типови на препораки.
Компанијата Meta не одговори веднаш на барањето за коментар за наводите, кои првпат се појавија во Фајненшл Тајмс.
Минатата недела Meta објави значителен раст на приходите од реклами во вториот квартал и најави дека очекува многу добар резултат во третиот квартал.
Во моментов се бори да ги задржи корисниците на својата нова платформа Threads, која беше лансирана на 5 јули, според британската агенција.
За само пет дена доби 100 милиони корисници, но шефот на Meta, Марк Цукерберг, неодамна призна дека Threads оттогаш изгубил повеќе од половина од своите корисници.
Поврзани артикли