Новиот достапен уред на Motorola за европскиот пазар е Moto G52.

Смартфонот се напојува со процесор Snapdragon 680, доби 6,6-инчен AMOLED екран со стапка на освежување од 90 Hz, како и батерија од 5.000 mAh која поддржува полнење од 30 W.

Назад има главна камера од 50 MP, како и ултра широка камера од 8 и макро камера од 2 MP, додека напред е селфи камера од 16 MP. Moto G52 доаѓа со 4 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија која може да се прошири преку microSD картичка. Сензорот за отпечатоци се наоѓа на страна, додека уредот е водоотпорен според IP52 стандардот. Покрај тоа, паметниот телефон користи оперативен систем Android 12 со интерфејс MyUX.

Moto G52 ќе биде достапен во Charcoal сива и Porcelain бела боја, а на европскиот пазар ќе пристигне овој месец по цена од 250 евра.