Во 2003 година, Мајкрософт го заштити „Х“ за својот бренд Xbox, а Мета го стори истото во 2019 година во софтверот и просторот на социјалните медиуми.

Кога Илон Маск го презеде Твитер, најави голем број промени за популарната платформа. Една од тие промени беше и промената на името. Но, се чини дека Маск навистина не ги проверил сите аспекти на таа одлука.

Имено, откако објави дека Твитер станува „Х“, а сината птица која со години е препознатлива и заштитен знак на таа платформа заминува во историјата, стана очигледно дека нема да биде така лесно.

Барем што се однесува до адвокатите. Бидејќи компаниите како Мета и Мајкрософт веќе имаат права на интелектуална сопственост над буквата „Х“, а логото што Маск го избра да го ребрендира Твитер веќе е во употреба.

Според Ројтерс, буквата „Х“ е толку широко користена и цитирана во трговските марки што за адвокатите ќе биде вистински предизвик да ја регистрираат во компанијата на Маск.

100% е веројатно дека Твитер некој ќе го тужи за ова, убеден е адвокатот Џош Гербен, кој за Ројтерс истакна дека само во САД има речиси 900 активни регистрирани марки кои ја покриваат буквата „Х“.

Тој посочи дека сопствениците на трговските марки можат да поднесат барање за забрана на употреба доколку друга марка која користи иста или многу слична ознака или име би предизвикала забуна кај потрошувачите.

Мајкрософт во 2003 година ја заштити ознаката X поврзана со комуникациите поврзани со Xbox, додека Мета ја заштити сино-белата буква „Х“ за софтвер и социјални медиуми уште во 2019 година на ниво на САД.

Мета и Мајкрософт веројатно нема да тужат доколку не почувствуваат закана дека X на Твитер ја јаде вредноста на брендот што го изградија, рече Гербен.

Но, тоа не значи дека Маск или Твитер не би можеле да бидат тужени од други кои користат „Х“ во нивниот знак, име или бренд.

Во секој случај, правниот тим на Маск има полни раце работа.