За дополнително да ја скокотка фантазијата на корисниците и да предизвика возбуда околу претставувањето, Nothing објави официјални фотографии од претстојниот модел Phone (2), кои покажуваат мало освежување на дизајнот.
A new era. Where iconic design meets premium performance.
A product of meticulous engineering and obsessive attention to detail. Our proudest design story so far.
Come to the bright side. Meet Phone (2) on 11 July, 16:00 BST. pic.twitter.com/ckgmAXCawi
— Nothing (@nothing) July 4, 2023
На само неколку дена пред големото претставување на Phone (2), Nothing реши официјално да покаже како изгледа телефонот во бела и сива боја. Добро познатиот јутјубер Маркус Браунли дојде до телефонјот, дополнително да покаже што има ново на уредите на Nothing.
Прво, Nothing одлучи малку да го освежи дизајнот на задниот дел од телефонот. Горниот дел и страните сега се повеќе закривени, што треба да обезбеди удобност при употреба. Додека Phone (1) имаше пет посебни LED ленти, Phone (2) има дури 11. Има и нов интерфејс Glyph кој сега има 33 зони за осветлување, што треба да им даде на корисниците дополнително ниво на контрола над LED диодите.
На пример, задниот дел од Phone (2) ќе може да прикажува јачина на звук или тајмер, а Nothing не планира да дозволи користење на LED диоди за одредени надворешни апликации. Засега не се знае многу за тоа, но може да значи, меѓу другото, дека позадинското осветлување би можело да „танцува“ додека се пушта музика на Spotify.
Како всушност изгледаат новите зони за осветлување на Nothing Phone (2), погледнете го видеото на Маркус Браунли на YouTube.
Nothing Phone (2) ќе биде претставен на глобално ниво на 11 јули. Претходно беше потврдено дека телефонот се напојува со чипсет Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 и има 6,67-инчен AMOLED дисплеј, батерија од 4.700 mAh и софтверска поддршка од три главни ажурирања на оперативниот систем и четири години безбедносни закрпи.