Џозеф Џејмс О’Конор, човекот кој ги хакираше сметките на познати луѓе на Твитер и бараше од нивните следбеници да му плаќаат криптовалути, е осуден на пет години затвор. Но, бидејќи беше во притвор повеќе од две години, ќе одлежи половина од казната.
Во септември 2020 година, нешто необично се случуваше на Твитер. Хакерите ги „киднапираа“ сметките на познатите личности со голем број следбеници и почнаа да објавуваат за да подаруваат бесплатни биткоини. Се разбира, тоа беше вообичаена измама, во која од корисниците се бараше да испратат одредена количина биткоини на одредена адреса, за да добијат двојно повеќе за возврат.
Три години по нападот, еден од одговорните хакери, 24-годишниот Џозеф Џејмс О’Конор, беше осуден на пет години затвор откако се изјасни за виновен по четири точки од обвинението за компјутерско хакирање, измама преку интернет и интернет демнење (cyberstalking). Покрај тоа, тој се согласи да им врати најмалку 794.000 долари на жртвите на неговите злосторства.
Joseph James O’Connor was part of a hacking group that broke into dozens of high-profile Twitter accounts in July 2020 — including Apple, Binance, Bill Gates, Joe Biden and Elon Musk — to spread cryptocurrency scams.
More: https://t.co/3ao8XBusBz pic.twitter.com/53f8UHkbVa
— TechCrunch (@TechCrunch) June 23, 2023
Според обвинителите, Оконор, попознат на интернет како PlugWalkJoe, ги користел своите „софистицирани технолошки способности за злонамерни цели за да украде големи количини на криптовалути“. Обвинетиот пред судот изјави дека неговите дела се „глупави и бесмислени“, им се извини на жртвите на измамата и побара од судијата попустливост.
О’Конор на крајот доби пет години затвор, но бидејќи помина повеќе од две години во притвор, судијата му рече дека ќе отслужи половина од казната, пишува Tech Crunch.
Поврзани артикли