Секојдневно на Фејсбук демнат разни опасности, а корисниците секогаш треба да внимаваат при кликнување на разни линкови, при комуникација со непознати лица, а особено при договарање на купување и продавање, како преку Фејсбук, така и воопшто на Интернет. Една од измамите која порано беше вообичаена и се покажа како доста ефикасна меѓу корисниците на Фејсбук е поврзана со лажни информации за нечија смрт.
Ваквите линкови со наслови како „види кој умре“ или „нема да веруваш кој умре“ се објавуваат како статуси или се шират во приватни пораки, а бидејќи во нив не се споменува кој починал, корисниците често без размислување кликнуваат на нив и тогаш нивните почнуваат проблемите бидејќи така се шират вируси, може да дојде до измама, кражба на податоци и слично, пренесува N1.
Ваквата измама се врати на Facebook и австралиските корисници во моментов се на удар, но дефинитивно треба да бидете внимателни во случај слични врски да почнат да се шират низ Фејсбук.
Откако корисниците на Messenger ќе ја добијат пораката „види кој умре“, треба да кликнат на линк до страница каде што е наведено дека доколку сакате да ги читате вестите, треба да ги внесете вашето корисничко име и лозинка од Фејсбук. Со тоа, информациите, ги предавате на измамници, а во истиот момент повеќе немаат пристап до нивниот профил. Исто така, доведува до преземање на малициозен софтвер кој може да ги следи корисниците и да ги украде нивните чувствителни податоци.
Проблемот што ја прави оваа измама убедлива е тоа што, откако некој ќе се навлезе во неа, истата порака се испраќа преку Messenger до луѓето на нивната контакт листа, така што поневнимателните примачи нема ни да размислуваат за потенцијалните опасности бидејќи пораките доаѓаат од пријатели или роднини, пишува Tech Times.