Иако сè уште не е претставена серијата iPhone 15, се појавија рендери на најсилниот член на серијата iPhone 16, кој ќе пристигне следната година.

Најмоќниот член на серијата iPhone 16 се очекува да се вика iPhone 16 Ultra, а не iPhone 16 Pro Max. Сепак, оваа информација е непотврдена во оваа фаза. Како и да е, овој модел се појави во рендери.

9To5Mac објави рендери на овој телефон заедно со iPhone 15 Pro Max. Така, забележуваме дека iPhone 16 Ultra или iPhone 16 Pro Max ќе имаат поголеми димензии во однос на iPhone 15 Pro Max кој ќе пристигне оваа година.

Рендерите покажуваат дека телефонот ќе има екран со дијагонала од 6,9″. Се вели дека ширината на телефонот е 77,2 mm, додека должината ќе биде 165 mm, што ќе биде прилично поместување во однос на iPhone 15 Pro Max, кој ќе има ширина од 76,7 mm и должина од 159,8 mm.

Секако, останува уште многу време до претставувањето на серијата iPhone 16, па оваа информација мора да ја земеме со одредена резерва.

Кога станува збор за серијата iPhone 15, дојавувачот Ice Universe неодамна објави фотографии од заштитното стакло за iPhone 15 Pro Max, заедно со фотографија од тоа како би требало да изгледа телефонот. Двете фотографии откриваат навистина многу тенки рамки. iPhone 15 Pro Max ќе има заоблени рамки слични на Apple Watch.

Ова нема да биде единственото подобрување во однос на неговиот претходник. Гласините сугерираат дека iPhone 15 Pro Max ќе пристигне со уште неколку подобрувања, вклучително и подобар сензор за главната камера.