Последната актуелна игра на FIFA стана најпродавана игра во серијата, а приходите од неа се зголемени за 31% во споредба со претходната година.
На FIFA 23 и беа потребни шест месеци да ја надмине претходната игра во однос на продажбата. Ова ја направи FIFA 23 најпродавана игра во 30-годишната серија, како и најуспешна фудбалска игра во историјата. Сепак, вкупниот број на продадени копии од играта не беше откриен.
Electronic Arts откри дека FIFA 23 во првиот квартал од 2023 година забележал 31% поголем раст на приходите од FIFA 22 минатата година. Тие исто така истакнаа дека продажбата на играта значително се зголемила на американскиот пазар – дури за 50 проценти.
Овој историски резултат секако е причина за задоволство на акционерите и инвеститорите на Electronic Arts. Сепак, во исто време, донекаде е загрижувачки со оглед на тоа што EA оваа година се збогува со брендот FIFA и ќе ја продолжи серијата под друго име – EA Sports FC.
Колку тоа ќе влијае на продажните резултати – ќе видиме во истиот период следната година.
Поврзани артикли