Веќе е најавено дека конференцијата Google I/O ќе се одржи на 10 мај, кога се очекува компанијата да претстави нови производи и услуги, вклучувајќи телефон на преклопување.
Pixel Fold би требало да биде првиот телефон на Google што се преклопува, а како најава компанијата објави кратко видео на Twitter кое го прикажува дизајнот на претстојниот телефон.
Некои информации се појавија и порано, па се очекува Pixel Fold да има два OLED екрани. И двата ќе имаат поддршка за стапка на освежување од 120 Hz. Однадвор ќе има екран од 5,6 инчи, додека внатре е 7,6 инчен екран.
✨May The Fold Be With You✨https://t.co/g6NUd1DcOJ#GoogleIO #PixelFold
May 10 pic.twitter.com/K8Gk21nmo8— Made by Google (@madebygoogle) May 4, 2023
Телефонот треба да се напојува од чипсетот Google Tensor G2, во комбинација со 12 GB меморија и простор за складирање до 512 GB.
Покрај Pixel Fold, Google треба да го претстави и телефонот Pixel 7a од својата редовна постава.
Поврзани артикли