По неколку одложувања, конечно е време да се игра The Lord of the Rings: Gollum. Daedalic Entertainment и Nacon потврдија дека ќе се впуштиме во нова авантура во Средната Земја на 25-ти мај оваа година.
Како што се приближува времето на објавување, програмерите мислеа дека е добро време да ги откријат хардверските барања на верзијата за компјутер. Барањата се изненадувачки високи.
Минимални барања (1080p, medium):
Процесор: Intel Core i7-4770 или AMD Ryzen 5 1600
Графичка картичка: Nvidia GeForce GTX 1080 или RTX 2060
Меморија: 16 GB RAM
Диск: 45 GB слободен простор
Препорачани барања (1440p, high + ray-tracing):
Процесор: Intel Core i3-6100 или AMD Ryzen 5 2600
Графичка картичка: Nvidia GeForce RTX 3080 (со DLSS Quality)
Меморија: 32 GB RAM
Диск: 45 GB слободен простор
Изборот на графички картички и фактот дека се препорачуваат 32 GB работна меморија се особено впечатливи. Сè на сè, мириса на уште една лоша оптимизација.
The Lord of the Rings: Gollum пристигнува на 25 мај на PC, PS4, PS5, Xbox One и Xbox Series X/S, додека верзијата на Nintendo Switch ќе пристигне нешто подоцна оваа година.