Може да напише предавање, новинарски текст, да компонира и за кратко време стигна до најшироката јавност – ChatGPT одамна веќе не е само за експерти и гикови.
Родителите во Германија се загрижени за можната употреба на оваа програма за вештачка интелигенција во училиштата.
Во истражувањето на Фондацијата Водафон (Vodafone), 60 отсто од родителите изјавиле дека вештачката интелигенција е опасна за учениците. Околу 30 проценти гледаат шанса во ширењето на новата технологија. Во вкупното население на Германија има нешто помалку скептици – 57 наспроти 35 проценти.
А што е ChatGPT за што сега зборува цел свет?
Програма за разговор. Но, корисникот не кореспондира со човечко суштество, туку со компјутер кој реагира како човек и одговара на прашања од широк спектар на области. Тој е способен, на пример, да толкува литература, да пишува песни и приказни. Достапен е за јавноста од ноември.
Десет проценти од родителите на средношколците изјавиле во истражувањето дека нивните деца веќе користат ChatGPT, на пример за домашна работа. Во исто време, повеќето не веруваат дека тоа ќе стави крај на традиционалните домашни задачи.
Сепак, повеќето родители се против користење на програмата во училиштата.
„Денес сме само на почеток на процес чија динамика и размери сè уште не можеме да ги процениме воопшто“, рече претседателот на германското здружение на наставници Хајнц Петер Мајдингер.
Според него, вештачката интелигенција ќе ги промени наставата, училиштата и стратегиите за образование на учениците.
Сепак, мнозинството граѓани (85 проценти) не веруваат дека вештачката интелигенција ќе ги потисне или замени едукаторите. Ова мислење го дели и Мајдингер, кој смета дека личниот однос меѓу наставникот и ученикот останува клучот за успешен образовен процес.
Дури 74 отсто од анкетираните се согласуваат дека со посилното користење на вештачката интелигенција во училиштата, ќе мора да се редефинира она што е резултат на сопствениот интелектуален напор.
Поврзани артикли