Се чини дека Твитер ја ограничува видливоста на одредени твитови испратени преку директни пораки.
Споменатата финта ја забележал еден корисник на Твитер, кој вели дека компанијата го отежнала прегледувањето на твитови испратени преку директни пораки, кои ја опишуваат сексуалната ориентација и родов идентитет.
Инсајдер спроведе тест за да ги потврди тврдењата, користејќи сметка на Твитер за да испрати твитови со реченици кои содржат термини како „trans“, „transgender“, „gay“, „lesbian“, „queer“, „bisexual“ и „intersex“.
Споменатите реченици се појавуваа во директните пораки како URL-врски, наместо во вообичаениот формат за преглед. Исклучок беше зборот „bisexuality“, кој беше прикажан во лесно читлив твит.
Како дел од истиот тест, инсајдерот испрати и два дополнителни твита, од кои едниот го содржеше зборот „guns“- „пиштоли“, додека другиот го содржеше зборот „drugs“ – „дрога“. Првиот збор се појави во пораката како URL, додека вториот беше прикажан како стандарден преглед.
Твитер не даде објаснување за ова откритие, ниту пак потврди дали се работи за грешка или намерен избор.
Иако твитовите со тие зборови не беа забранети уште од почетокот, пристапот на социјалната мрежа за избор на твитови како прегледи во приватните пораки може да биде уште еден од новите начини на модерирање на содржината на Твитер откако Илон Маск ја презеде функцијата.