Американското Министерство за финансии денеска извести дека го казни Мајкрософт со 3,3 милиони долари за кршење на санкциите.
Мајкрософт ќе плати казни за повеќе од 1.300 прекршувања на санкциите наметнати од САД на Куба, Иран, Сирија и Русија. Прекршувањата вклучуваат извоз на услуги и софтвер, соопшти американското Министерство за финансии.
Тие ги прекршиле санкциите во периодот од 2012 до 2019 година, во повеќето случаи продавајќи услуги и софтвер на руски правни и физички лица на Крим, соопшти Министерството.
Санкциите беа прекршени, меѓу другото, затоа што не беа собрани сите или точни информации за идентитетот на крајните клиенти на производите на Мајкрософт, соопшти Министерството за финансии, предупредувајќи на слабости во процесот на верификација на Мајкрософт. Во 2014 година Русија го анектира украинскиот Крим.
Министерството за финансии на САД забележува дека Мајкрософт не е познат по кршење на санкции и дека признал дека ги прекршил. Мајкрософт нагласи дека соработувал во истрагата и додаде дека е задоволен од спогодбата.
„Мајкрософт“ многу сериозно ја сфаќа контролата на извозот и почитувањето на санкциите и затоа, откако дознавме за пропустите и прекршувањата на неколку вработени во процедурите за верификација, доброволно го пријавивме до надлежните органи“, изјави портпаролот на софтверскиот гигант.
Поврзани артикли