Компанијата Ubisoft требаше да претстави две големи игри во септември, но тоа нема да се случи.

Ubisoft одлучи да ги одложи игрите Rainbow Six Extraction и Riders Republic. Продажбата на играта Rainbox Six требаше да започне на 16 септември, но тоа ќе се случи дури во јануари 2022 година. Исто така, пристигнувањето на играта Riders Republic е поместено од 2 септември за 28 октомври.

Во секој случај, Rainbow Six Extraction е поважна игра со оглед на популарноста која ја доби Rainbow Six Siege. Ubisoft сака повеќе време за „да го смени начинот на кој играчите играат и размислуваат за игриците кои подразбираат соработка“ и да се осигура дека игрицата ќе нуди „возбудливо гејмерско искуство“.

Што се однесува до играта Riders Republic, Ubisoft сака дополнително да поработи на „подобрувања на искуството“ и да им овозможи на гејмерите пред да започне продажбата да го дадат своето мислење“.

Играта Rainbow Six Extraction веќе беше одложувана неколку пати.

Извор: Klix.ba