Компанијата ByteDance, која е сопственик на TikTok, во својата понуда има уште една популарна апликација.
Lemon8 е апликација за социјални медиуми слична на Instagram која е дел од империјата ByteDance, која исто така е сопственик на TikTok.
Споменатата апликација се најде на листата на 10 најсимнувани апликации на пазарот на Соединетите Американски Држави во рамките на App Store претходната недела.
TikTok ban backup plan? ByteDance-owned Instagram rival Lemon8 hits the U.S. App Store’s Top 10 https://t.co/Y7FThzq2ls
— TechCrunch (@TechCrunch) March 28, 2023
ByteDance го лансираше Lemon8 на американскиот пазар во февруари 2023 година. Апликацијата претходно беше лансирана во Јапонија во 2020 година.
Lemon8 е платформа за споделување фотографии и видеа за храна, убавина, здравје и патување. Може да се опише како комбинација на Instagram и Pinterest.
Ненадејниот пораст на популарноста на апликацијата Lemon8 доаѓа откако TikTok се најде на удар на властите првенствено во САД, но и во други земји.
Бидејќи TikTok се соочува со потенцијална забрана во САД доколку неговите кинески сопственици одбијат да го продадат својот удел во компанијата, Lemon8 може да послужи како резервен план на ByteDance.
Според аналитичарите, наглото зголемување на популарноста на услугата Lemon8 најверојатно е резултат на платеното стекнување на корисници од страна на ByteDance.