Брзината на полнење на батеријата наскоро ќе достигне ново ниво, а се очекува да се зголеми и капацитетот на батеријата кај телефоните.
Производителите почнаа да создаваат, а некои веќе планираат да имплементираат нови технологии за брзо полнење на батериите. Наскоро не чекаат полначи со моќност до 300W.
Во претстојниот период, компаниите OnePlus, Realme, Oppo и други треба да имплементираат брзо полнење на батеријата од 300W на своите телефони.
Покрај зголемувањето на брзината на полнење, очекуваме и поголем капацитет на батеријата. Така, многу производители ќе користат батерии од 5500 mAh наместо сегашните 5000 mAh.
Токму серијата OnePlus 12 би можела да донесе брзина на полнење на батеријата од 300 W, што значи дека теоретски телефонот треба да се полни од нула до 100% за 10 минути или помалку.
Останува да видиме дали производителите ќе работат и на подобрување на времетраењето, односно животниот век на батериите и нивните перформанси.
Поврзани артикли