Објавата со јајце од 2019 година, која до неодамна беше објава со најмногу лајкови на Инстаграм, беше избришана од профилот на Инстаграм, именувана како world_record_egg.
За време на Светското првенство во Катар, објавата на Лионел Меси ја надмина фотографијата од јајцето по бројот на лајкови. Во тој момент објавата на познатиот фудбалер имаше 58 милиони лајкови, а познатото јајце 56,2 милиони лајкови.
Но, администраторите на страницата на која беше објавена фотографијата од јајцето сега објавија нова фотографија на која се гледа само сенката.
„Каде исчезна јајцето? напишаа во описот на објавената фотографија.
Објавата предизвика голем број реакции.
„Меси го изеде јајцето“, „Колку лајкови ќе бидат потребни за да се врати јајцето“, „Дали навистина ја избришавте фотографијата со милиони лајкови?“, „Вратете ни го јајцето“, „Дефинитивно нема да го урнете рекордот на Меси со оваа објава“, „Погледнете што направи Меси“, се дел од коментарите.