Вработените во белгиската федерална влада повеќе нема да смеат да ја користат видео апликацијата TikTok, која е во сопственост на Кинезите, на нивните официјални мобилни телефони, најави премиерот Александар Де Кро.
Де Кро објасни дека белгискиот совет за национална безбедност предупредил на ризиците поврзани со големиот број податоци што ги собира TikTok, кој е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, како и фактот дека компанијата е обврзана да соработува со кинеските разузнавачки служби.
„Тоа е реалноста и затоа е логично да се забрани употребата на TikTok на паметните телефони обезбедени од федералната влада. Безбедноста на информациите е на прво место“, рече тој.
На ваквата одлука реагираше TikTok со соопштение во кое се вели дека е разочаран од истата и дека решението се заснова на суштински погрешни информации. Компанијата објави дека складира кориснички податоци во САД и Сингапур и дека гради центри за податоци во Европа.
Поврзани артикли