Оригиналниот iPhone од 2007 година беше продаден на аукција за највисока цена досега за такви уреди.

На 2 февруари, аукциската куќа LCG Auctions го стави на понуда оригиналниот модел на iPhone од 2007 година. По 27 понуди, постигната е цена од 63.356,40 долари.

Остварената цена е 105 пати повисока од цената што ја имаше iPhone кога беше во продажба пред повеќе од 15 години, кога чинеше 599 долари во малопродажба.

Според извештаите, сопственичката на iPhone го добила уредот како подарок од пријател, но никогаш не го отпакувал бидејќи не бил компатибилен со нејзината мрежа. Телефонот остана неотворен повеќе од 15 години.

Интересно е што во август и октомври минатата година на аукции се продаваа слични оригинални модели на iPhone по цени од 35.000 и 39.000 долари.

Цената постигната со последната аукција на моделот iPhone од 2007 година е рекордна досега.