Што е она кое ви е потребно за успешен работен ден? Личен асистент со кој дури и најхаотичните денови ќе поминат без грижи! Токму затоа Samsung го создаде моделот Galaxy S23 Ultra, моќен уред кој ги комбинира најдобрите карактеристики на двете познати серии на паметни телефони – моќта на серијата Note и камерата и перформансите на професионално ниво на серијата S – со што постави нов стандард за премиум паметните телефони. Со надградено S Pen пенкало со дополнителни опции за продуктивност, подобрени супер-можности за ноќно фотографирање и ноќно снимање (Nightography) и батерија која трае цел ден и воедно може да се споделува, Galaxy S23 Ultra е најмоќниот Ultra уред што Samsung го направил досега.

За прв пат, омиленото пенкало на корисниците на Note, S Pen моментално е најбрзoто и најчувствителнато пенкало некогаш направено. Со S Pen, Galaxy S23 Ultra станува повеќе од само телефон. Секое пенкало може да пишува зборови, но со S Pen пенкалото можете да ги фатите: со означување на настан од постер или видео, потребно е само да го допрете за да датумот се зачува директно во вашиот календар. Овој и другите иновативни начини ќе ви овозможат лесно да ја завршите својата работа, oвозможувајќи поприродно пишување и цртање на екранот, како и понапредно истражување на апликациите.

Мултитаскинг на највисоко ниво

Најновата верзија на S Pen им овозможува на корисниците уште подобро корисничко искуство. „Фаќањето“ белешки на деловните состаноци ја прави хартијата помалку потребна. Секако, заедно со пенкалото, потребен ви е и издржлив уред кој ќе ги задоволи сите барања на модерниот и брз начин на живот, а Galaxy S23 Ultra ги има токму тие карактеристики.

Супер-брзото процесирање кај Galaxy S23 Ultra овозможува најнапредна обработка на податоци со помош на вештачка интелигенција и машинско учење. Има и Wi-Fi 6E, што обезбедува незаменливи перформанси на сите апликации кои најмногу ги користите на работа. Сето ова е овозможено со моќната интелигентна батерија од 5000 mAh (типична) , која заштедува енергија и  ви овозможува супер брзо полнење од 45 W, така што можете да продолжите да работите по само 10 минути полнење.

Иновации на Galaxy S23 серијата

Иновативните решенија кои одат во чекор со модерниот бизнис со години се заштитен знак на серијата Samsung Galaxy S. Голем екран, беспрекорни перформанси, елегантен дизајн и премиум материјали се вградени во мобилните телефони од новата генерација. Па така, од можностите што ги дава за креативност и продуктивност до моќ и доверливост, S23 Ultra,  се издвојува како премиум уред, дополнително изработен со зголемена употреба на рециклирани материјали кој обезбедува уникатно корисничко искуство и поставува нов стандард за премиум паметните телефони.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s23-ultra/