За време на Display Week 2018, Google ќе прикаже импресивен дисплеј за VR очила.

Според програмата на настанот, се работи за OLED со 120 Hz и густина на пикселите 1443 ppi при дијагонала 4,3-инчи. Од објавената пикселна густина може да се очекува резолуција од околу 5500 x 3000 пиксели, што е драстично зголемување во однос на сегашните уреди. Дури HTC Vive Pro нуди резолуција само 2880 x 1600 пиксели.

Стапката на освежување исто е значително повисока од оние на актуелните модели кои се задоволуваат со максимум 90 Hz.

Од програмата на саемот станува јасно дека Google ќе го претстави новиот дисплеј заедно со LG, што пак доведува до мислата дека корејската компанија зема активно учество во проектот.

Појавата на дисплеи со поголема пикселна густина и повисока стапка на освежување би предложила можности за квалитативен скок во VR технологијата, кои во моментов страдаат токму од ограничувањата на расположливиот хардвер.

Display Week 2018 година ќе се одржи кон крајот на мај.