Робот-адвокат е креација водена од вештачката интелигенција, а месецов ќе се најде во улогата за која е дизајниран за прв пат, кога ќе му помогне на обвинетиот пред судот да се избори со сообраќајна казна.
Извршниот директор на DoNotPay, Џошуа Баудер, рече дека оваа вештачка интелигенција работи со помош на паметен телефон. Роботот ги слуша судските аргументи и формулира одговори за обвинетиот и преку слушалки му кажува што да каже во реално време.
Адвокатот робот ќе го преземе својот прв случај на 22 февруари, потврди Баудер на Твитер, но не го откри името на клиентот или судот.
„На 22 февруари во 13:30 часот ќе се испише историјата. За прв пат досега, робот ќе застапува некого во судница во САД. Вештачката интелигенција DoNotPay ќе му шепне на некого што точно да каже. Ќе ги објавиме резултатите и ќе споделиме повеќе откако ќе се случи. Посакајте ни среќа!“, напиша тој на Твитер.
Патем, оваа компанија DoNotPay се занимава со вештачка интелигенција и веќе користела писма и чет-ботови генерирани од вештачката интелигенција за да им помогне на луѓето да обезбедат рефундирање за WI-FI во текот на летото кога не функционирал. Тие користеа шаблони за да им помогнат на луѓето и добија повеќе од два милиони случаи за услуги на клиентите и тужби во име на поединци против институции и организации.
Нивниот изум може легално да се користи во некои судници, но не во повеќето. Не го поддржуваат ниту адвокатите, како што подетално објави Си-Би-Ес.