Оваа работна фреквенција го прави гореспоменатиот процесор најбрзиот десктоп процесор кој моментално е достапен.
Ова е можно благодарение на функцијата Thermal Velocity Boost на процесорот, која овозможува чипот да биде побрз кога е доволно ладен.
Boasting 6.0 GHz frequency, the 13th Gen Intel Core i9-13900KS is a milestone moment for the PC industry. https://t.co/tyCtwlMX4C
— Intel News (@intelnews) January 12, 2023
Intel i9-13900KS претставува надградена верзија на процесорот i9-13900K, кој компанијата го претстави минатата есен. Главната разлика помеѓу двата процесори е тоа што постариот чип имаше максимални 5,8 GHz и имаше помала основна потрошувачка на енергија од 125 W, во споредба со 150 W на новиот чип.
Од друга страна, i9-13900KS има ист број на јадра (24) и кеш меморија (36MB) како и i9-13900K. Новиот процесор е компатибилен со матичните плочи Z790 и Z690, со ажуриран BIOS.
Останува да видиме како AMD ќе одговори на ова, чиј процесор Ryzen 9 7950X3D треба да се појави во текот на февруари. Ryzen 9 7950X3D има стандардна брзина од 5,7 GHz, со 144MB 3D V-Cache технологија, која овозможува додавање на повеќе кеш меморија.
Процесорот Intel i9-13900KS е достапен во продажба по цена од 699 долари.