И додека многу апликации сега ја поддржуваат мултитаскинг опцијата која ја воведе Android 7.0 Nougat, и натаму постојат такви кои не можат да го сторат тоа.

За среќа, постои начин на кој можете да ја натерате секоја апликација да работи во таканаречен split screen мод во кој можете во исто време на екранот да користите двет апликации, како гледање на омиленото YouTube видео и проверување мејл.

Се што е потребно да го активирате Developer options менито во подесувањата и вашите апликации ќе станат уште покорисни. И во рамките на ова мени да ја чекирате опцијата “Force activities to be resizable”.

На овој начин, сите апликации кои не поддржуваат мултитаскинг ќе бидат приморани да ја променат својата големина и да профукционираат и на овој начин.

Во случај да забележите некои проблеми во работата на апликациите, секогаш можете да ја деактивирате оваа опција и се ќе се врати во нормала.