Како што се развива технологијата, така се зголемува и бројот на зборови што ги користиме за да ја опишеме. Годината што штотуку започна нема да биде исклучок.
Кои технолошки изрази би можеле да доминираат во текот на 2023 година, нови или постоечки кои добиле ново значење.
Проширена реалност (extended reality, XR)
Ова не е нов термин, но веројатно ќе го гледаме се повеќе и повеќе бидејќи компаниите како Meta Platforms ги форсираат своите визии за метаверзумот. XR опфаќа виртуелна реалност (VR), зголемена реалност (augmented reality, AR) и сè помеѓу тие два поими, вклучително и мешана реалност што ги поврзува.
Meta Platforms треба да ја претстави Quest Pro конзолата за мешана реалност оваа година, а Apple треба да ја претстави својата прва конзола од ваков вид.
Аватар
Слично на XR, ниту аватарите не се нови, но повеќе ќе се среќаваме со нив. Терминот, во овој контекст, го опишува нашето дигитално претставување во видео игрите, метаверзумот и на други места. Може да личи на нас или да личи на лик од анимиран филм.
Стабилна дифузија
Едноставно кажано, стабилната дифузија е посебен вид на генерирање слики од текст со помош на вештачка интелигенција, што се појави во текот на 2022 година.
За разлика од конкуренцијата што е достапна само во облакот (DALL-E), може да работи на вашиот компјутер и е во отворен код. Тоа значи дека голем број луѓе можат да прават што сакаат со него.
AI
Се разбира, вештачката интелигенција е термин стар со децении, измислен за да се опише способноста на машините да перцепираат и да работат со информации. Но, исто така се користи за, на пример, автоматска обработка на фотографии во паметни телефони. Минатата година се користеше многу често, а во текот на оваа година веројатно ќе се користи уште почесто.
Matter
Ако сте за паметни домашни уреди, треба да внимавате на Matter. Имено, станува збор за нов стандард кој – доколку профункционира – треба да овозможи поврзување на уреди од различни производители во еден домашен еко-систем, со еден уред кој ќе служи како контролер.
Иако таквите уреди веројатно нема да станат широко достапни до 2023 година, нам ни се допаѓа идејата да го контролираме, да речеме, термостатот Nest на Google со дигиталниот асистент Siri на Apple.
FAST
Free Ad-Supported TV (бесплатна ТВ со реклами) е нов тренд во стриминг. Како што кажува неговото име, нуди бесплатна содржина за стриминг од различни платформи (Roku TV и Amazon Freevee, на пример), но со прикажување на реклами и со послаба понуда од онаа што може да се добие со плаќање.
DLSS
Кратенка за Deep Learning Supersampling, термин кој ја опишува употребата на вештачка интелигенција за да се подигне нивото на резолуција на сликите над нивното првобитно ниво. Со други зборови, содржината што е 720p или 1080p може да изгледа како 1440p или дури 4K.
DLSS беше развиен од Nvidia за нивните премиум графички картички. Но, упорно се зборува дека би можело да се најде во новата верзија на конзолата Nintendo Switch, пишува Mashable.