WhatsApp лансираше нова функција која ќе им овозможи на корисниците да ја користат апликацијата дури и кога немаат пристап до интернет.
Новата алатка им овозможува на корисниците да останат онлајн користејќи прокси-сервери дури и кога нивниот интернет е исклучен или блокиран на некој начин.
Функцијата доаѓа како одговор на исклучувањето на интернетот во некои земји, вклучително и Иран. Компанијата соопшти дека со ваквите потези владата „ги негира човековите права и ги спречува луѓето да добијат итна помош“. Затоа, тие вградија алатка во поставките на WhatsApp што ќе им овозможи на корисниците да го внесат името на прокси-серверот и да го користат за поврзување на интернет во случај на прекин на интернет.
Proxy-серверите ќе служат како алтернативен пристап до интернет кога традиционалните методи за поврзување и серверите се исклучени или оневозможени, обезбедувајќи ја потребната врска со корисникот за веб-сајтот или услугата до која сакаат да пристапат.
WhatsApp истакна дека многу од нив биле формирани од волонтери и организации ширум светот за да им помогнат на луѓето „слободно да комуницираат“, а компанијата исто така ќе понуди насоки како да се постави proxy. Функцијата веќе треба да биде достапна во опцијата за поставки за секој што ја користи најновата верзија на апликацијата.
„Поврзувањето преку proxy го одржува истото високо ниво на приватност и безбедност што го обезбедува WhatsApp. Вашите приватни пораки сепак ќе бидат заштитени со end-to-end енкрипција. Се погриживме да останат помеѓу вас и лицето со кое комуницирате и не се видливи за никој друг, дури и за прокси-серверите, WhatsApp или Meta“, објави компанијата WhatsApp.
Поврзани артикли