Со објавувањето на iOS 13, бевме сведоци на голем број грешки што требаше да се решат со следните неколку верзии на платформата. Потсетуваме дека во рок од два месеци од премиерата на iOS 13, Apple објави цели осум ажурирања за оперативниот систем, а во компанијата за прво официјално издание за потрошувачите се смета iOS 13.1.

За да избегне вакви проблеми во иднина, Apple изгледа ќе ги промени своите методи за тестирање на софтверот, според „Блумберг“. За таа цел, ќе се користат маркери во работниот софтвер, што ќе им овозможи на развивачите на компанијата да ги изолираат новите функционалности, што се подготвуваат за iOS 14. На овој начин, проблематичните модули ќе бидат полесно да се отстранат за време на тест.

Овој процес се користи со години од Google, Microsoft и другите технолошки компании за да се изолираат и тестираат промените во Chromium, Windows, итн. Сето ова значи дека дури и јавните бета верзии на iOS 14 треба да бидат постабилни од iOS 13. За некои од вас, тоа може да доаѓа како изненадување, но ова не е првпат Apple да се зафаќа со проблемот. Мерки за постабилни ажурирања се преземени уште од iOS 12, но се чини дека тие не ги дадоа посакуваните резултати.