Неколку претходни извештаи тврдеа дека Samsung Galaxy S22 Fan Edition не постои. Сепак, најновите информации сугерираат дека Galaxy S22 FE се уште е во припрема.
Твитот, објавен од советникот OreXda, го потврдува доаѓањето на телефонот Galaxy S22 FE, а се вели дека телефонот се напојува со чипсет Exynos.
Се сугерира дека Samsung ќе го одржи својот следен настан на 1 февруари за да ја објави серијата на телефони Galaxy S23. За време на настанот Unpacked, јужнокорејскиот гигант треба да ги претстави и Galaxy S22 FE и Galaxy Tab S8 FE.
Дојавувачот тврди дека наместо моделот Galaxy A74 ќе пристигне Galaxy S2 FE, за кој неодамна дознавме дека најверојатно е откажан и нема да се произведува.
Извештаите споменуваат дека Galaxy S22 FE може да користи чипсет Exynos 2300, главна камера Samsung ISOCEL HM6 108MP и ќе има иста цена како Galaxy A73 (околу 500 долари).