Samsung е еден од најголемите производители на паметни телефони и поседува многу хардверски компоненти за своите уреди. Корејскиот гигант продава дисплеи, RAM меморија и мемориски модули за други брендови во мобилната индустрија, вклучувајќи го и Apple, за да генерираат дополнителни приходи. Samsung официјално соопшти дека се подготвени да започнат со масовно производство на 8Gb LPDDR5 DRAMs за паметни телефони, објави PocketNow.

Според податоците на компанијата, новите чипови ќе можат да пренесуваат податоци на 6400Mbps, што е околу 1,5 пати побрзо од сегашните паметни телефони. Најдобрите модели со Android имаат LPDDR4X модули кои гарантираат брзина од 4266Mbps. Идните уреди со LPDDR5 DRAM ќе можат да испратат еквивалент од 51,2GB за една секунда, што е дефинитивно прилично импресивно достигнување.

Сето ова се прави со потрошувачка на енергија од 1.1V, а намалувањето на оваа вредност на 1.05V ќе ја намали оптималната брзина до 5500Mbps. Samsung е убеден дека нивните нови модули ќе ги подобрат можностите на паметните телефони и ќе ги подготват за влез на првите 5G мрежи. Благодарение на нив, производителите ќе можат да ги опремат своите идни модели со повеќе меморија во истиот простор, што исто така ќе ги подобри можностите на технологиите со вештачка интелигенција.