Порталот DxOMark објави кои телефони имаат најдобра селфи камера.
Иако нивната работа е оспорена од многумина, DxOMark сè уште важи за портал чии резултати се почитуваат и значат нешто во светот на паметните телефони. Оваа веб-страница обезбедува независна (иако многумина нема да се согласат) анализа на телефонските камери.
Тимот на порталот, користејќи голем број научни и инженерски методи, доаѓа до резултатите кои потоа ги споделува со јавноста. Сега овој портал објави кој телефон има најдобра селфи камера.
DxOMark го прогласи Huawei Mate 50 Pro како телефон кој дава најдобри селфи фотографии. Овој смартфон од понудата на кинескиот технолошки гигант постигна резултат од 145 поени за селфи камерата, што всушност е иста оцена како и моделот iPhone 14 Pro. Во основа, овие два телефони сега го делат првото место кога станува збор за селфи.
Huawei Mate 50 Pro има предна камера со сензор од 13 MP и отвор од f/2.4. Оваа камера се наоѓа во отворот во близина на горниот дел од екранот. Селфи камерата може да снима 4K видео со 60 фрејмови во секунда, како и 1080p видео со 240 фрејмови во секунда.
Во својата анализа, DxOMark ја пофали предната камера на телефонот Huawei Mate 50 Pro за прецизната експозиција, високиот динамички опсег и природниот приказ на тоновите на кожата. Камерата исто така се покажа добро во групните снимки, благодарение на острото прикажување луѓе. Меѓутоа, во некои услови на слаба осветленост, забележано е губење на деталите, додека видеото имаше проблеми со заситеноста и контрастот.
За жал, иако многу листи го ставаат Huawei на врвот кога станува збор за камерите за паметни телефони, кинеската компанија речиси исчезна од светскиот пазар поради американските санкции, кои беа воведени во 2019 година.
Сите детали од тестот DxOMark прочитајте ги ТУКА.