Samsung Galaxy Fold е скап и комплексен уред, така што е повеќе од фасцинантно дека некој успеал да го расклопи и да ни покаже што се наоѓа во внатрешноста на флексибилниот уред.

Основниот елемент на смартфонот е шарката, која е комплициран механизам и се состои од пет делови. Намената на шарката е да овозможува свиткување/расклопување на телефонот. Според наводите, оваа шарка е редизајнирана неколку пати во текот на развојниот процес на Samsung Galaxy Fold.

Лицето кое го расклопи телефонот и ги објави фотографиите на страниците на кинеската социјална мрежа Weibo, истакнува дека екранот е релативно лесен за отстранување и мек е како гума. Малиот, екстерен екран правел проблеми, бидејќи се кршел во текот на процесот на расклопување.

Двете половини на уредот се поврзани со двојка на тракасти кабли. Исто така, интересно е дека двете батерии се со различен тип и не е познато дали капацитетите им се идентични.

Останува да се дознае колку Samsung ќе го наплаќа сервисирањето на било кој од екраните на својот флексибилен смартфон, кој има цена од 1980 долари.

Извор: GSM Arena