Директорот на Apple, Тим Кук, потврди преку Твитер дека Apple ги користи сензорите за камерата на Sony во производството на iPhone.
Кук објави твит за време на неговата посета на добавувачи во Јапонија.
„Ние соработуваме со Sony повеќе од една деценија за да произведеме светски водечки сензори за камера за iPhone“, напиша Кук, заблагодарувајќи му се на извршниот директор на Sony, Кеничиро Јошида што му го покажа објектот Кумамото.
We’ve been partnering with Sony for over a decade to create the world’s leading camera sensors for iPhone. Thanks to Ken and everyone on the team for showing me around the cutting-edge facility in Kumamoto today. pic.twitter.com/462SEkUbhi
— Tim Cook (@tim_cook) December 13, 2022
На фотографијата се гледа како на Кук му го покажуваат смартфонот на неговата компанија, што е прилично смешно.
Apple генерално крие детали за хардверските компоненти што влегуваат во секој iPhone, така што потврдувањето на употребата на сензорите за камерата на Sony по повеќе од една деценија е сепак значаен момент. Веб-страницата на Apple ги наведува само спецификациите на камерата на iPhone како резолуција, бленда и видно поле, додека нема информации за конкретни компоненти.
Твитот на Кук потврди бројни извештаи и гласини кои кружат со години за Apple дека користи хардвер на Sony. Во 2015 година, Wall Street Journal објави дека Apple користел два сензори на Sony за iPhone 6, а со расклопувањето на уредот, iFixit ги утврдил броевите на моделите на Sony. Sony се смета за лидер на пазарот на сензори за фотоапарати и има 44 отсто удел на пазарот на CMOS сензори. Samsung е втор со удел од 18,5 отсто.
Исто така, посетата на Кук на фабриката на Sony значи дека партнерството меѓу двете компании ќе продолжи и дека ќе соработуваат во производството на идните модели на iPhone.
Sony, наводно, развил нов сензор кој користи нова полупроводничка архитектура за да „фати“ повеќе светлина и да ја намали преголемата и недоволната изложеност. Овој сензор треба да биде дел од следната генерација на iPhone, но ќе го користат и други производители на паметни телефони.