Компанијата Boom откри нови детали за моторот наречен Symphony за неговиот суперсоничен авион Overture. Исто така, беше објавено дека е пронајден нов партнер за развој на тој мотор.
Авионот Overture на Boom има задача да ги „оживее“ суперсоничните летови по пензионирањето на Concorde, но повлекувањето на Ролс-Ројс беше проблем. Сепак, Boom најде нов партнер, FTT, одел на компанијата Kratos Defense & Security Solutions, кој ќе помогне во дизајнирањето на моторот Symphony. Некои од инженерите на FTT работеле на мотори за борбените авиони Ф-22 и Ф35, така што имаат искуство со напојување на суперсонични авиони.
Symphony е всушност мотор со турбофан кој ќе има слична архитектура на моторите на сегашните комерцијални авиони, но новиот погонски систем е дизајниран да и овозможи на Symphony да генерира потисок од речиси 16 тони и брзина од 1,7 маха.
Boom тврди дека Overture ќе лета од Њуарк до Лондон за помалку од четири часа, а од Сан Франциско до Токио за околу шест часа. Се очекува дека авионот ќе може да поминува 25 отсто повеќе време во лет, како и дека трошоците за одржување ќе бидат значително помали во споредба со другите мотори. Symphony ќе биде првиот мотор оптимизиран за целосно одржливо авионско гориво, постигнувајќи нето нула емисии на јаглерод. Исто така, ќе има едностепена турбина наменета за тивка работа.
И покрај промената на партнерите за развој на моторот, Overture сè уште е на пат за сертификација во 2029 година. Производството ќе започне во 2024 година во објектот во Северна Каролина, а првиот авион треба да биде завршен во 2026 година. Boom очекува почеток на пробните летови во 2027 година, односно една година подоцна во споредба со првичниот план.
Компанијата веќе има клиенти, American Airlines нарача 20 авиони со опција за уште 40. United Airlines нарача 15 авиони со опција за дополнителни 35.
Поврзани артикли