Apple одлучи да им понуди на програмерите повеќе опции за одредување на цените на апликациите почнувајќи од пролетта 2023 година.
Според новиот план, најниската поддржана цена ќе биде 0,29 долари, додека највисоката цена ќе биде 10.000 долари.
Дивелоперите ќе добијат и можност да ги дефинираат цените во продавницата за апликации и ќе имаат достапни 45 валути на 175 територии.
Цените на апликациите и претплатите сега ќе можат да се зголемат за 0,10 долари за оние што чинат до 10 долари и 0,50 долари за оние меѓу 10 и 50 долари.
Дополнително, програмерите со апликации за претплата ќе можат да управуваат со валути и даноци/такси низ различни продавници и ќе имаат опција да изберат локална продавница за апликации и автоматски да генерираат цени врз основа на земјата и валутата.
За програмерите кои ги дистрибуираат своите апликации ширум светот, глобалната алатка за изедначување на App Store ќе им обезбеди лесен начин за управување со цените на меѓународните пазари.
Друга нова карактеристика ќе биде можноста да се постават цени на апликациите и претплати кои се надвор од стандардот од (на пример) 0,99 долари, што сега може да биде 0,90 или 1,00 долар. Ова ќе овозможи полесно креирање на пакети и годишни планови за претплата.