Со шрафцигер и други алатки во рака, Зак од JerryRigEverything реши да ѕирне во внатрешноста на лаптопот Lenovo Yoga Slim 7i Carbon.
Со вкупна тежина од 960 грама, Lenovo Yoga Slim 7i Carbon е еден од најлесните ултрабукови што Lenovo некогаш ги создал.
За да ги отфрли сите сомнежи на корисникот, производителот се пофали со издржливоста на лаптопот, кој во куќиштето има комбинација од карбонски влакна и магнезиум.
Популарниот јутјубер Зак Неслон, од каналот JerryRigEverything, реши да го одвои лаптопот и да ги потврди овие тврдења на Lenovo.
Видеото служи и како сервисен водич за лаптопот, потврдувајќи ја неговата модуларна батерија, матична плоча и мат црн систем за управување со ладењето.
Лаптопот се напојува со Intel Core i7-1260P платформа, има 13,3-инчен 2,5K 90Hz екран кој беше отстранет без никакви поголеми проблеми.
Конечно, материјалот од јаглеродни влакна е откриен зад панелот на екранот и металниот заден дел.
Погледнете го целосниот процес на расклопување (и повторно составување) на лаптопот во придружното видео.