Верзијата 16.2 на оперативниот систем на Apple, iOS вклучува нова безбедносна карактеристика.
Rapid Security Response е функција која требаше да се појави во првата верзија на iOS 16, но беше одложена. Ова е функција која ќе биде од голема помош за многу корисници.
Новата функција би требало да му овозможи на Apple да испраќа безбедносни надградби на iPhone уредите кои не се дел од редовните верзии на iOS.
Според сегашниот систем, Apple ги доставува ажурирањата на корисниците постепено и само ако ја имаат вклучено опцијата Automatic Updates. Корисниците често чекаат долго време за надградби, а уредите се изложени на безбедносни пропусти.
Откако ќе пристигне Rapid Security Response, Apple ќе може да ги заштити iPhone-ите на корисниците без рачно да го надградува софтверот.
Поврзани артикли