Хакерите стануваат сè пософистицирани, а хакирањето може да има страшни последици – од напади на приватни податоци до пристап до банкарски сметки на нападнатиот. Во денешно време, едноставното менување на поставките на телефонот веќе не е доволно за да нè одржи безбедно на Интернет.
Експертот за сајбер безбедност, Роџер Грајм, од американската компанија за сајбер безбедност KnowBe4, ги предупреди корисниците на Android и iPhone да не се потпираат премногу на поставките за паметни телефони за да останат безбедни.
„Секој што мисли дека некакво подесување ќе ги спречи хакерите да го искористат, не разбира како хакерите хакираат“, изјави Грајм за The Sun.
„99% од хакирањето се врши преку социјален инженеринг и незакрпен софтвер. Ништо од тоа не може да се спречи со какви било поставки. Ако решат да ве нападнат, секоја поставка на вашиот телефон не може да помогне“, објасни сајбер експертот.
Четири совети за безбедност на интернет
Затоа Грејм сподели четири совети кои можат да ни помогнат да бидеме побезбедни на Интернет. Неговиот прв совет е луѓето да станат посвесни за триковите за социјално инженерство што ги користат хакерите.
Ова значи да читате за хакирањето и да бидете внимателни кога добивате спам-пошта или пораки. „Погрижете се никогаш да не давате приватни информации на никого ако не сте 100 отсто сигурни која е таа личност“, вели тој.
Друг совет е да го ажурирате софтверот. Технолошките компании редовно нудат безбедносни закрпи во ажурирањата, па Грајм советува да внимавате на најновите ажурирања на вашиот iPhone или Android.
Третиот совет е да користите повеќефакторска проверка за автентикација за да се најавите. Ова значи добивање на код преку текст (или преку апликација за автентикација) кога ќе се пријавите некаде.
Грајм објаснува дека ова претставува дополнително ниво на безбедност во споредба со само користење на лозинка. „Но, запомнете: никогаш не споделувајте ги вашите шифри со никого, дури и ако ве праша некој што изгледа како пријател, член на семејството или колега. Можеби и самите биле хакирани“, нагласи тој.
Четвртиот совет е да бидете сигурни дека користите различни (и многу силни) лозинки за секоја веб-страница или апликација што ја посетувате. „Можете да користите менаџер за лозинки како што е iCloud Keychain на Apple за да ви помогне во ова“, советува овој експерт за сајбер безбедност.
Поврзани артикли