Последната деценија беше одлична за Facebook, кој според листата на аналитичката компанија App Annie ги поседува четирите најпопуларни апликации.

Првото место на листата на најпопуларни апликации на уредите со Android и iOS го зазема Facebook, потоа следува  второпласираниот Facebook Messenger, третопласираниот WhatsApp и Instagram на четвртата позиција. Сите четири апликации се во сопственост на компанијата Facebook.

Во топ 5 влезе и Snapchat, шести е Skype, седмото место и припаѓа на апликацијата TikTok, додека UC Browser е на осмото место. YouTube е дури деветти на листата, а Twitter го заокружува Топ 10.

Овие податоци јасно говорат дека Facebook доминира со секојдневието на луѓето од 2010. година до денес. Апликацијата Facebook дефинитивно стана клучен дел од рутината на луѓето, па воглавно не ја напуштија платформата, дури и после скандалот во врска со приватните податоци и лажните вести.