Ако користите WhatsApp, вашите податоци би можеле да бидат на продажба.
Телефонските броеви на речиси 500 милиони корисници на WhatsApp од базата на податоци ажурирана во 2022 година се продаваат на хакерски форуми. Ова значи дека речиси четвртина од проценетиот број на сите активни корисници на WhatsApp се изложени на ризик.
Повеќе извори, пишуваат странските технолошки медиуми, тврдат дека ова е потврдена информација, а доколку е навистина така, би можело да биде едно од најголемите протекувања на податоци досега.
Базата на податоци што е на продажба содржи мобилни броеви на корисници на WhatsApp од 84 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Египет, Италија, Саудиска Арабија, па дури и Индија. Според објавените податоци, содржи повеќе од 32 милиони американски броеви, 45 милиони од Египет, 35 милиони од Италија, 29 милиони од Саудиска Арабија, 20 милиони од Франција и 20 милиони од Турција. Базата на податоци наводно содржи речиси 10 милиони руски телефонски броеви.
Според скриншот објавен на Cyber News, од Хрватска се продаваат 659 илјади броеви.
Информациите главно се користат од напаѓачите за фишинг напади. Затоа, на корисниците на WhatsApp им се советува да не одговараат на повици и пораки од непознати броеви.
Хакерите ги продаваат и овие податоци и ги објавија цените: 7.000 долари за американски податоци, 2.500 долари за британски податоци.
TechRadar пишува дека на Мета и испратиле прашање за да ја потврди автентичноста на тврдењата и да добие дополнителни коментари. Засега немаат одговор.