Мистериозниот вселенски авион на американските вселенски сили X-37B се врати на Земјата откако помина рекордни 908 дена во орбитата.
Х-37Б слета во вселенскиот центар Кенеди минатиот викенд, со што успешно ја заврши својата шеста мисија. Американската вселенска агенција НАСА не ги откри деталите за тоа што всушност прави вселенскиот авион, произведен од Боинг, во вселената, но беше потврдено дека во октомври 2021 година го испорача сателитот FalconSat-8 развиен од Академијата за воздухопловни сили на САД. Овој мал сателит носи пет експерименти и се уште е во орбитата. Дел од него е и фотоволтаичен модул за радиофреквентна антена дизајниран да ги претвори сончевите зраци во микробранова енергија и да ја пренесе енергијата на Земјата.
Вселенскиот авион изгледа како помала верзија на вселенскиот шатл на НАСА, прв пат полета во 2010 година, а до сега светот не научи многу за неговата намена. Пред оваа мисија, X-37B носеше мал број сателити во вселената и се врати на Земјата во 2019 година по 780 дена.
Некои од експериментите вклучуваа изложување на семиња на вселенски услови за да се соберат информации за одгледување на култури за идни меѓупланетарни мисии и воспоставување трајно населени бази во вселената. Друг експеримент поврзан со ефектот на вселенското зрачење на различни материјали, по што НАСА врши споредба со материјалите на Земјата.
„Од првото лансирање на X-37B, тој собори голем број рекорди и ѝ даде на нашата нација неспоредлива можност за брзо тестирање и интегрирање на новите вселенски технологии“, рече Џим Чилтон, потпретседател на Boeing Space and Launch.
Поврзани артикли