Едно од најинтригантните прашања за човечкиот мозок е исто така едно од најтешките за невролозите да одговорат: Што е тоа што го прави мозок на луѓето различен од на другите животни?

“Навистина не го разбираме она што го прави човечкиот мозок посебен”, вели д-р Ед Леин, истражувач во Ален, Институт за Мозочна Наука.

“Проучувањето на разликите во ниво на клетки и нивните кола за поврзување е добро место за почеток, а сега имаме нови алатки за да го сториме токму тоа”.

На почетокот од оваа година научниците создадoa сосема нов тип инструменти кои го мапираат и сликаат мозокот на скоро молекуларно ниво. Неколку истражувачки институти веднаш ја применија истата технологија и во краток период одговорија многу прашања за нашиот мозок, но исто така отворија и многу други.

Во една нова студија објавена денес во списанието Nature Neuroscience, Леин и неговите колеги откриваат еден можен одговор на најтешкото прашање.

Истражувачкиот тим, предводен од Леин и Габор Тамаш, доктор на науки, невролог на Универзитетот во Сегед, Унгарија, открија нов вид на мозочни клетки кои никогаш не биле видени кај глувци и други животни.

Тамаш и докторантот од Универзитетот во Сегед, Естер Булдог, ги нарекоа овие нови клетки  “rosehip neurons” или во превод “Шипинка Неврони.“ Името го добиваат заради густата група што секоја клетка ја формира околу центарот на клетката.

Новооткриените клетки припаѓаат на класата неврони познати како инхибитори, тие ја регулираат активноста на другите неврони во мозокот.