Секој што користи поскапи Galaxy телефони веројатно е запознаен со апликацијата Good Lock на Samsung. Оваа апликација нуди различни опции за прилагодување на телефоните Galaxy, а сега доби и нов модул.
Новиот модул се вика RegiStar и додава неколку корисни функции за прилагодување. Модулот RegiStar е веќе достапен на Galaxy Store и е компатибилен со уредите со најновиот One UI 5.0, базиран на Android 13.
Најголемата промена, односно новитет е можноста за допирање на задната страна на уредот. Ова се однесува на сериите на телефони Galaxy S и Galaxy Z Flip, кои сега имаат двојно или тројно допирање за да стартуваат одредена апликација или да извршат одредена акција. Galaxy Z Fold 4 дури поддржува да го држите прстот на надворешниот екран за да активирате одредена акција.
Исто така, модулот RegiStar им овозможува на корисниците да го прилагодат менито за општи поставки и да ги преуредат сите подменија по нивен вкус. Дополнително, модулот овозможува прилагодување на долго притискање на копчето од страната. Конечно, треба да се напомене дека новиот Good Lock е сè уште во бета верзија, што значи дека можеби има некои грешки, па затоа треба да го имате на ум тоа.
Овој модул е достапен само на уреди кои се надградени на One UI 5.0. Инаку, Samsung веќе почна да ја испорачува оваа верзија на своите паметни телефони. Тој носи редизајниран кориснички интерфејс. Ќе им овозможи на корисниците да ја приспособат позадината, изгледот на часовникот, палетата на бои итн., а една од практичните опции е видео позадината, што ви овозможува да поставите кратко видео на заклучениот екран.