God of War Ragnarok е најновата игра од популарната франшиза, а сопствениците на PlayStation 4 и PlayStation 5 веќе уживаат во насловот.

Кратос и Атреус се повеќе од подготвени да уништат орди од чудовишта, а играчите во некои делови од светот веќе можат да уживаат во нивните авантури.

Оние кои однапред ја нарачале дигиталната верзија на играта ќе мора да преземат над 80 GB податоци за PS5 и над 100 GB за PS4.

God Of War Ragnarok е акциона авантуристичка игра создадена од Santa Monica Studio за PS5 и PS4 и е директен наследник на играта God of War од 2018 година.

Што се однесува до PC верзијата на играта, се очекува да се појави најмалку една година по верзиите PS5 и PS4, но засега нема конкретен датум.