Почетокот на годината традиционално е резервиран за серијата Galaxy S на Samsung. Оваа година пристигна серијата Galaxy S22, додека следната година ќе пристигне серијата Galaxy S23, за која веќе дознавме многу детали. Последниот извештај ни носи нови информации за оваа серија.
Според досегашните гласини, серијата Galaxy S23 нема да пристигне со никакви изненадувања во однос на моделите. Така, серијата треба да се состои од Galaxy S23, Galaxy S23+ и Galaxy S23 Ultra.
Galaxy S23 и Galaxy S23+ Plus би требало да пристигнат со малку поголеми батерии во споредба со нивните претходници. Така, гласините сугерираат дека Samsung Galaxy S23 ќе пристигне со капацитет на батерија од 3900 mAh. Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа значи дека Galaxy S23 ќе има 200mAh поголем капацитет на батерија во споредба со неговиот претходник.
Samsung Galaxy S23+ наводно ќе има батерија со капацитет од 4700 mAh, што е исто така 200 mAh повеќе од неговиот претходник. Се чини дека Samsung смисли уште еден начин за продолжување на животниот век на батеријата – Light mode.
Овој режим беше воведен кај телефоните со преклопување на Samsung претходно оваа година и служи како алтернатива на стандардниот режим на батерија. Има приоритет на подолготрајно траење на батеријата пред перформансите.
Познатиот дојавувач Ice Universe наведува дека падот на перформансите ќе биде умерен, но намалувањето на потрошувачката на енергија ќе биде значително. Овој режим нема да влијае на перформансите во игрите бидејќи перформансите за нив сепак ќе се контролираат од специјалните поставки на Game Booster, како што е случај сега.
Треба да се нагласи дека овој Light режим е посебен и различен тип од вообичаениот начин за заштеда на енергија.