Во моментов, можноста за уредување твитови е достапна само за претплатниците на Twitter Blue.
Новиот сопственик на Twitter, Илон Маск, потврди дека сервисот наскоро ќе наплаќа по осум долари месечно за верифицирани сметки. Сепак, Маск наводно планира да им обезбеди на сите корисници една посакувана функција бесплатно: копче за уредување твитови.
Според извештаите, моментално се работи на оваа опција, заедно со некои други промени кои ќе бидат имплементирани во Twitter Blue.
Во моментов, копчето за уредување на Twitter е достапно само за претплатниците на услугата Twitter Blue, која чини 4,99 долари месечно и е достапна само за корисниците во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.
Маск досега јавно не зборуваше (или твиташе) за потенцијалниот план за копчето „edit“ откако ја презеде контролата врз Twitter.
Поврзани артикли