Биопечатените делови од телото би можеле да бидат клучни во идните медицински третмани, а научниците вложуваат големи напори да ги тестираат.
Американската вселенска агенција НАСА, компанијата Redwire и центарот 4DBio3 (Uniformed Services University of Health Science Centre for Biotechnology) испраќаат нов 3D биопринтер до Меѓународната вселенска станица каде ќе вршат биопечатење на менискусот на човечкото колено во орбитата, додека резултатите ќе се проучуваат на земјата. Во најдобар случај, ова треба да доведе до развој на третмани за повредите на менискусот што често ги трпат американските војници.
Redwire се надева дека неговата технологија ќе произведе цели органи во вселената, иако тоа е долгорочна цел. Компанијата го користи проектот на НАСА Advanced Plant Habitat за да ги идентификува гените за растенијата кои можат да преживеат во вселената. Дополнително, ќе се тестира и пасивно ладење на електрониката во услови на мала гравитација.
3Д печатач наречен BioFabrication Facility ќе биде испратен до ISS денеска од вселенското пристаниште на НАСА на островот Валопс. Истата ракета ќе носи и дополнителен товар.
Ова не е првиот 3Д печатач да се најде во вселената. НАСА го испрати печатачот на Redwire до ISS минатата година за да демонстрира печатење на лунарната почва. Технологијата еден ден би можела да им помогне на колонистите да градат живеалишта на Месечината без потреба од залихи од Земјата. Биопринтерот е попрактичен, а доколку истражувањето биде успешно, лекарите би можеле да ги заменат оштетените делови од телото без да се потпираат на донатори и неоргански импланти.
Поврзани артикли