Во текот на 2021 година, Motorola беше првиот бренд што објави телефон со чип Snapdragon 8 Gen 1. Гласините сугерираат дека слично ќе биде и оваа година.
Наскоро се очекува објавувањето на телефонот Moto X40, а тоа го сугерира најавата на Чен Џин, генералниот менаџер на мобилниот бизнис на одделот Lenovo China.
Џин во објава на Weibo го потврдува постоењето на моделот Moto X40. Исто така, се чини дека Motorola го отфрли брендот Edge за своите телефони објавени во Кина, па наследникот на Edge X30 едноставно ќе се вика Moto X40.
Премиум телефонот би требало да биде претставен пред крајот на оваа година. Moto X40 би требало да биде достапен и на глобално ниво, а најверојатно ќе биде преименуван во Motorola Edge 40 Pro на пазарите надвор од Кина.
Со оглед на тоа што Edge 30 Pro беше лансиран глобално во март 2022 година, се претпоставува дека Edge 40 Pro исто така ќе дебитира во март следната година.
Извештаите споменуваат дека Moto X40 треба да има OLED панел, со стапка на освежување од 165 Hz. Ќе се напојува од гореспоменатиот Snapdragon 8 Gen 2, заедно со 8GB/12GB RAM.
Во однос на камерите, телефонот треба да има главен сензор од 50 MP, кој може да се користи и како макро камера, како и телефото сензор од 12 MP.
Поврзани артикли