Корисниците на Инстаграм масовно пријавуваат проблеми. Според DownDetector, проблеми ширум светот со оваа социјална мрежа започнале околу 13:08 часот.
Причината за овие тешкотии е нејасна, а некои корисници известуваат дека нивните сметки се суспендирани.
Многу корисници на Инстаграм известуваат дека нивната сметка на социјалната мрежа е блокирана и не можат да пристапат до неа. Некои пишуваат дека не можат да се логираат и покрај кодот што социјалната мрежа ги бара да го внесат.
Други корисници пријавуваат загуба на следбеници, потенцијално поради отстранување на суспендираните корисници од нивниот број на следбеници.
We're aware that some of you are having issues accessing your Instagram account. We're looking into it and apologize for the inconvenience. #instagramdown
— Instagram Comms (@InstagramComms) October 31, 2022
„Свесни сме дека некои од вас имаат проблем со пристапот до вашата сметка на Инстаграм. Истражуваме и се извинуваме за непријатностите“, се вели на Твитер профилот на Инстаграм.
До 15 часот беа пријавени повеќе од 6.600 коментари.
„Што се случува, мојот профил беше по случаен избор избришан без да објавувам несоодветна содржина… Дали мојот профил ќе биде избришан?“, „Инстаграм само по случаен избор ми го суспендираше профилот… ова е бизарно!“, „Изгубив повеќе од 1.000 следбеници – што се случува?“, се само дел од коментарите објавени во последните неколку минути на страницата DownDetector – каде се пријавуваат проблеми.